Свет
29. September 2017 - 16:34

Трамп во ноември во Јапонија, Јужна Кореја, Кина, Виетнам и Филипините

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе отпатува во Јапонија, Јужна Кореја, Кина, Виетнам и на Филипините во ноември, за да присуствува на регионалните самити, каде ќе зборува за трговијата, но, и за нуклеарните закани на Северна Кореја, соопшти денеска Белата Куќа.

Трамп, на азиска турнеја ќе биде од 3-ти до 14-ти ноември.

- Ангажманот на претседателот ја засилува меѓународната одлука да се спротивстави на заканата од Северна Кореја и да се обезбеди целосна, заверена и неповратна денуклеаризација на Корејскиот полуостров, се вели во соопштението