Свет
25. May 2017 - 16:42

Трамп во Брисел, на средби со европскиот политички врв и на состанок на НАТО

НАТО ќе се придружи на меѓународната коалиција против ИС предводена од САД. 

Алијансата ке работи на подорбурвање на соработката во коалцијата но нема да учествува во борбените дејствија порача првиот човек на НАТО Стелтенберг на состанокот со земјите члнеки во Брисел. 

На состанокот присуствува и Доналд Трамп, кој за време на предизборната кампања ја нарече алијансата застарена.

Претходно претседателот на САД се сретна со  лидерите на Европската Унија., Туск и Јункер. Тероризмот  и односите со Русија  во фокусот на разговорите.

Поради посетата на Трамп во Брисел   се одружуваат антитрамп протести поради што во градот се засилени безбедносните мерки.