Свет
10. July 2017 - 8:41

Трамп тврди дека не знаел за состанокот на синот со руска адвокатка

Портпарол на правниот тим на американскиот претседател Марк Корало изјави дека шефот на Белата куќа  „не знаел и не присуствувал“ на состанок од 2016 година на неговиот син Донал Трамп помладиот со руската адвокатка Наталија Весељницкаја поврзана со Кремљ.

Њујорк тајмс објави цитирајќи три советници од Белата куќа дека најстариот син на Трамп се согласил на состанок со Весељницкаја откако му се ветени информации штетни за Хилари Клинтон, кандидатка на Демократската партија за претседател.

На состанокот на Доналд Трамп помладиот и Весељницкаја присуствувале и тогашниот шеф на предизборната кампања Пол Манафорт и зетот на Трамп, Џаред Кушнер. 

Весникот цитира изјава на Доналд Трамп помладиот во која тој признава дека имал состанок со Весељницкаја.

– Откако размениле пригодни зборови, жената изјавила дека има информации дека лица поврзани со Русија го финансирале Демократскиот национален комитет и ја поддржувале Клинтон. Нејзините тврдења биле нејасни, двосмислени и немале никаква смисла. Немало детали ниту информации со кои би било тоа поткрепено, ниту било понудено. Набрзо станало јасно дека таа немала никакви разумни информации, пренесе весникот изјава на Трамп Јуниор.

Њујорк тајмс наведува дека најстариот син на Трамп, Кушнер и Манафорт се состанале со Весељницкаја откако Трамп лани беше номиниран за републикански претседателски кандидат. Состанокот во кулата на Трамп на Мехетн одржан на 9 јуни 2016 година бил прв потврден приватен состанок на некој од членовите на претседателското најблиско окружување и руски државјанин, тврди њујоршкиот весник повикувајќи се на доверливи владини податоци и интрвју со лица запознати со тие документи.

Доналд Трамп потврди дека таков состанок е одржан оквалификувајќи го како „кратко запознавање“ кое било претежно фокусирано на прашање на американското посвојување руски деца, прекинато од руската влада.

Њујорк тајмс наведува дека Наталија Весељницкаја е позната по противење на американскиот закон со кој на црната листа се Руси осомничени за кршење човекови права.

Федерален специјален совет и неколку конгресни одбори водат истрага за можни контакти меѓу предизборниот тим на Трамп и руски претставници во рамки на широка истрага за тврдења дека Москва се мешала во претседателските избори во САД во 2016 година.