Свет
17. January 2017 - 23:55

Трамп стапува на должност како најнепопуларен претседател на САД

Новиот претседател на САД, Доналд Трамп ќе стапи на должност како најнепопуларен претседател од 1977 година, покажа анкетата на Еј-Би-Си и „Вашингтон пост“.

Според анкетата 40 отсто од Американците го поддржува начинот, на кој Трамп ја извел транзицијата, што е половина во однос на поддршката, која ја имаше претседателот во заминување Барак Обама пред да стапи на должност.

Џорџ Буш го поддржуваа 72 отсто од граѓаните, а Бил Клинтон 81 процент. 

Сличен број на граѓани, околу 40 отсто, го одобруваат поголемиот дел од изборот на Трамп за неговиот кабинет, што е за околу 20 отсто помалку во однос на неговите четири претходници. 

Четириесет проценти од испитаниците го гледаат Трамп како позитивен претседал, што е за 21 отсто помалку во однос на Обама и воедно најмала популарност од 1977 година.