Трамп: Северна Кореја покажа непочитување кон Кина
Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека Северна Кореја покажала големо непочитување кон својот клучен сојузник Кина.
- Северна Кореја покажа големо непочитување кон својот сосед Кина, истрелувајќи уште една ракета... но Кина силно се труди, напиша Трамп на Твитер.
Северна Кореја денеска од крајбрежниот регион Вонсан кон исток истрела неидентификувана ракета, соопшти Генералштабот на војската на Јужна Кореја.
Јужнокорејскиот претседател Мун Џе-ин веднаш бил информиран и тој го свикал Националниот совет за безбедност.
Анонимен извор за агенцијата Јонхап изјавил дека ракетата била балистичка и веројатно паднала во морската економска зона на Јапонија.
Генералниот секретар на Владата во Токио, Јошихиде Суга изрази остар протест поради ракетниот тест на Пјонгјанг, објаснувајќи дека тоа претставува опасност за авиони и бродови. Според Суга, засега нема информации за причинета штета од истреланата ракета.
Во последните неколку недели Северна Кореја изврши неколку тестирања на балистички ракети.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море