Трамп се извини за навредливи изјави за жените
Републиканскиот кандидат за претседател на САД Доналд Трамп преку видео денеска се извини за навредливи искази за жените, направени пред неколку години.
Весникот „Вашингтон пост" објави вчера видео-запис, направен во 2005 година, во кој, при приватен разговор, Трамп прави голем број вулгарни и сексистички забелешки за жените.
- Ги реков овие зборови, не бев во право и се извинувам, вели Трамп во денешната изјава.
Сите кои ме познаваат, знаат дека овие зборови не ја одразуваат мојата природа, рече Трамп, ветувајќи дека во иднина ќе биде „подобар човек".
Сепак го искористи случајот, за да го нападне противникот во трката за Белата куќа, истакнувајќи дека поранешниот претседател Бил Клинтон „всушност ги злоупотребуваат жените", а неговата сопруга Хилари ги „малтретирање, нападнала, посрамила и заплашувала неговите жртви".
Во видео записот од 2005 година, Трамп разговара со познатиот телевизиски презентер Били Буш крај сетот на серијал во кој милијардерот има епизодна улога. Со непристојни изјави, Трамп опишува како бакнувал, допирал и се обидувал да добие секс од мажена жена, чие име не се споменува.
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората