Свет
3. April 2017 - 9:00

Трамп: САД еднострано ќе дејствуваат против Северна Кореја, доколку Кина не сака да соработува

САД се подготвени за еднострано соочување со севернокорејската нуклеарна закана, доколку Кина не помогне, предупреди американскиот претседател, Доналд Трамп во интервју за весникот „Фајненшл тајмс“. 

Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг че се сретнат прв пат на Флорида на 6 и 7 април, кога ќе разговараат за Северна Кореја, тензиите во Јужното Кинеско Море и несогласувањата за трговските прашања. 

- Кина има големо влијание врз Северна Кореја, Кина или ќе одлучи да ни помогне со Северна Кореја или нема, рече Трамп. - Ако го стори тоа, тоа ќе биде мошне добро за Кина, ако не нема да биде добро за никого, додаде Трамп. 

Тој предупреди дека доколку Пекинг не ги реши проблемите со Пјонгјант, тоа ќе го сторат Американците. 

Северна Кореја изврши две нуклеарни тестирања лани и се смета дека разработува нуклеарна ракета, со капацитет да стигне до САД.