Свет
27. January 2017 - 0:12

Трамп: Разговорите со претседателот на Мексико не би вродиле со плод

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави денеска дека разговорите со претседателот на Мексико Енрике Пења Нието, кои се сега откажани, нема да вродат со плод, доколку Мексико навистина не е подготвен да плати за ѕидот на границата.  

- Претседателот на Мексико и јас се договориме да го откажеме состанокот закажан за следната недела, рече Трамп. 

- Доколку Мексико не сака САД да ги третира со почитување, таквите состаноци не би вродиле со плод и сакам да одам по друг пат. Немам избор, рече Трамп.