Свет
22. March 2017 - 20:23

Трамп разговараше со Меј за нападот во Лондон

Американскиот претседател Доналд Трамп разговараше по телефон со британската премиерка Тереза Меј по денешниот терористички напад во Лондон, соопшти портпаролот на Белата куќа Шон Спејсер. 

- Претседателот разговараше со премиерката Меј. Го осудуваме нападот во Вестминистер, што Велика Британија го третира како терористички инцидент и ја поздравуваме брзата реакција на британската полиција, нагласи Спајсер. 

Тој го увери Лондон дека може да очекува целосна поддршка од страна на Вашингтон.