Трамп повторно во конфликт со Хилари Клинтон
Претседателот на САД, Доналд Трамп преку социјалната мрежа Твитер повторно влезе во конфликт со политичкиот опонент на претседателските избори од ноември минатата година Хилари Клинтон.
- Нечесната Хилари Клинтон го обвинува секого (и за се нешто), но не и себеси, за својот изборен пораз, напиша Трамп. - Таа ги загуби дебатите и вистинскиот пат, додаде тој.
Трамп го напиша овој коментар во момент кога Хилари Клинтон медиумски ја рекламира својата нова книга „Што се случи“, во која прави анализа на ланските претседателски избори и нејзиниот пораз.
Таа пишува дека ќе преземе „одговорност за сите“ грешки за време на кампањата.
- „Мршојадците“ повторно се тука за да ја прогонуваат Хилари. Тие ги изразуваат своите чувства гласно и јасно, напиша Трамп.
Во предизборната кампања минатата година Хилари Клинтон рече дека половина од приврзаниците на нејзиниот противник се во „групата на мршојадците“.
Во заклучокот Трамп напиша: „Таа потроши големи пари, но на крај не победи“.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација