Трамп побарал од Ердоган да ги ограничи воените дејствија во Сирија
Американскиот претседател Доналд Трамп и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска разговарале телефонски во врска со турската воена операција во сириската област Африн.
Според соопштението на Белата куќа, Трамп на Ердоган му изразил загриженост за зголеменото ниво на насилство во АФрин, за кое оценил дека може да ги загрози заедничките цели на двете земји во Сирија.
- Претседателот ја повика Турција да ја деескалира состојбата, да ги ограничи своите воени операции, да избегнува цивилни жртви и расселување на лица и на бегалци. Ја повика Турција и да биде внимателна и да одбегнува било какви акции кои ризикуваат конфликт меѓу американските и турските сили, пишува во соопштението.
САД имаат воени сили во повеќе делови на Сирија, а дел од нивните воени инструктори работеа на обука и опремување на курдската група ЈПГ, која е главна цел на турската операција „Маслиново гранче“. Турција инсистира дека ЈПГ е терористичка организација и дека нејзиното присуство на турско-сириската граница е неприфатливо.
Двајцата претседатели во разговорот укажале на враќањето на стотина илјади бегалци во Сирија по поразот на Исламската Држава, поради што САД ја повикува Турција да се фокусира на тоа поразот на ИД да остане траен. Трамп на Ердоган му најавил дека е отворен за соработка за да се заштитат легитимните безбедносни интереси на Турција и да се обезбеди Сирија да не претставува безбедносна закана за Турција.
Двете земји спорат и околу улогата на американски граѓани и вработени во американските дипломатски претставништва кои се соочија со кривични истраги и апсење по државниот удар во Турција. Според Трамп, САД се загрижени од „деструктивната и лажна реторика“ која произлегува од Турција по ова прашање.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари