Свет
22. November 2016 - 15:20

Трамп откажа средба со претставници од „Њујорк тајмс“

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп наведе денеска дека откажал средба со претставници на весникот Њујорк тајмс.

На Твитер Трамп напиша дека откажал, откако „условите за средба биле променети во последен момент“.

За време на кампањата, и по неа,  тој упати голем број критики за весникот.

Трамп додаде дека „веројатно ќе биде договорена нова средба со Њујорк тајмс“.

– Во меѓувреме, тие продолжуваат да известуваат неточно и со спротивен тон, наведе Трамп кој вчера имаше средба со претставници на големи телевизии.