Loading Video...
Свет
11. November 2017 - 17:57

Трамп оцени дека многу животи ќе бидат спасени со договорот што утринава го постигна со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп оцени дека многу животи ќе бидат спасени со договорот што утринава го постигна со Путин во врска со Сирија, за време на кусата средба на маргините на вториот ден од самитот на Азиско- пацифичката економска соработка (АПЕК) во Виетнам. Во заедничкото соопштение  Трамп и Путин, ја потврдија нивната решеност да се борат со Исламската држава, со цел да се постигне конечна победа над неа, како и да се почитува суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Сирија.Трамп по пристигнувањето во Ханој, изјави дека има добри односи со рускиот претседател Владимир Путин, и рече дека  изгледа е навреден поради обвинувањата за мешање во претседателските избори во САД".  Путин му кажал на  Трамп дека не се вмешал во изборите во САД.