Свет
23. December 2016 - 20:24

Трамп објави писмо од Путин

Тимот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска објави писмо од рускиот претседател Владимир Путин упатено до Трамп. 

Писмото, што било испратено минатата недела се однесува на билатералната соработка меѓу Вашингтон и Москва како и за новото ниво на американско-руските односи. 

Во писмото се укажува дека сериозните глобални и регионални предизвици покажуваат оти „односите на Русија и САД се важен фактор во обезбедувањето на стабилноста и безбедноста во современиот свет“. 

- Се надевам дека ќе можеме - делувајќи на конструктивен и прагматичен начин, да преземеме вистински чекори за обновувањето во рамките на билатералната соработка во различни области, како и да го подигнеме нивото на соработка на меѓународната сцена на квалитативно ново ниво, напишал Путин.