Свет
2. December 2017 - 18:56

Трамп: Немаше апсолутно никаква соработка со Русите

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека „немало апсолутно никаква соработка“ меѓу неговата кампања и Русија, коментирајќи го признавањето на неговиот поранешен советник за национална безбедност Мајкл Флин дека лажел во својата изјава пред ФБИ.

Флин, како дел од договорот со посебниот советник во истрагата за можно мешање на Русија во претседателските избори во САД минатата година, Роберт Милер прифатил да соработува во истрагата.

Тој призна дека лажел за своите контакти со рускиот амбасадор за време на кампањата на Трамп.