Свет
22. јуни 2017 - 20:24

Трамп: Немам никакви снимки од разговори со Коми

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека не поседува било какви снимки од свои разговори со поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми.

На тој начин Трамп ги отфрла шпекулациите кои се појавија откако минатиот месец на Твитер напиша дека за Коми е подобро да се надева да не постојат снимки.

Претседателот на САД нагласи дека не изработувал такви снимки и тие не постојат.