Свет
22. November 2016 - 21:09

Трамп нема да бара продолжување на истрагата против Хилари Клинтон

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп нема да врши притисок за продолжување на истрагата против Хилари Клинтон за користењето на нејзиниот приватен сервер за мејлови додека била државен секретар и во врска со фондацијата Клинтон, изјави Келиен Конвеј, советничка на Трамп.

– Мислам дека кога новоизбраниот претседател ќе каже дека не сака да продолжи со обвинувања, тоа е силна порака, тон и содржина за колегите републиканци, изјави Конвеј во интервју за Ем-Ес-Ен-Би-Си.

Таа доаде дека Клинтон мора да се соочи со фактот дека мнозинство Американци не ја сметаат дека е искрена или доверлива.

За време на предизборната кампања Трамп се закануваше дека доколку победи на изборите ќе ја испрати Клинтон во затвор.