Свет
18. December 2017 - 10:43

Трамп: Не разгледувам смена на специјалниот советник Мјулер

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека не планира да го смени специјалниот специјалниот советник Роберт Мјулер кој ја истражува можната вмешаност на Русија во минагодишните претседателски избори.

Изјавата на Трамп уследи по објавувањето на трвдењето на адвокатот на групата за претседателска транзиција на Трамп во саботата дека тимот на Мјулер илегално дошол до повеќе илјади имел пораки.

Роберт Мјулер

Одговарајќи на прашања за таа правна постапка, Трaмп рече дека „не се спроведува добро“ и оти неговиот персонал е „многу вознемирен“.

- Не можам да замислам дека има нешто во нив, искрено, затоа што како што веќе кажавме, нема никаков таен договор, изјави Трамп, по враќањето од Кемп Дејвид.

На прашањето дали реазгледува покренување постапка за смена на Мјулер, тој само кусо одговори „не“.