Свет
25. January 2017 - 17:30

Трамп нареди истрага за наводните измами за време на претседателските избори во ноември

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави оти ќе нареди да се спроведе „голема истрага“ за наводните измами за време на претседателските озбори во САД во ноември. 

Тој утрово напиша на Твитер дека истрагата ќе биде ги опфати гласачите од повеќе од една држава „оние кои се нелегални, па дури и врз оние кои се регистирани на списоците, а се починати“. 

Трамп додаде дека „во зависност од резултатите на истрагата, ние ќе ги зајакнеме процедурите за гласање“. 

Вчера, пред конгресните лидери тој изјави дека можеби и до пет милиони лица гласале нелегално на изборите во ноември, но Белта куќа не го поддржа со никаков доказ неговото тврдење. 

Кратко по тоа, претставникот на Белта куќа Шон Спајсер го потврди мислењето на претседателот на редовниот, секојдневен, брифинг. 

Спајсер посочи дека „според анализите и доказите, обезбедени поради вниманието на Трамп, 14 проценти од гласачите на изборите не се американски државјани“. 

На изборите на 8 ноември минатата година кандидатот на републиканците Доналд Трамп го загуби народното гласање, во кое неговата противничка Хилари Клинтон доби 2,9 милиони гласови повеќе од него, но тој ги доби изборите благодарение на распределбата на електорите на државите во Изборниот колеџ. 

Трамп доби поддршка од 304 членови на Изборниот колеџ, а Клинтон - 227. 

Поради тоа Трамп ја оценува како „болна“ загубата на масовното народно гласање на изборите и тешко го преживува тоа што легитимноста на неговата претседателска функција се оспорува од демократите и од медиумите, наведоа неговите помошници и соработници, пренесува БТА.

Неговиот претставник Спајсер двапати зборуваше на таа тема, вклучително и вчера, поторувајќи го недокажаното тврдење на Трамп, дека тој го изгубил народното гласање, бидејќи меѓу три и пет милиони мигранти кои живеат нелегално во САД, гласале на денот на изборите. 

Сите гласачки единици ги финализираа документите за изборните резултати и не соопштија за такви масовни измами, за какви што тврди Трамп. 

Според Спејсер, Трамп се повикува на информации „што му биле обезбедени“. 

Ако тврдењата на претседателот се докажат за вистинити, тоа би претставувало најголемата изборна измама во историјата на САД.