Свет
22. November 2016 - 8:58

Трамп најави повлекување на САД од трговскиот договор за Транспацифичкото партнерство

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека првиот ден од неговиот мандат ќе ги повлече САД од трговскиот договор за Транспацифичкото партнерство (ТТП), потпишан во 2015 година од 12 држави од регионот без Кина.

- Таквиот трговски договор е потенцијална несреќа за нашата земја. Место тоа ќе водиме преговори за праведни билатерални трговски договори, кои ќе ги вратат работните места и индустријата на американска територија, посочи Трамп.

Покрај тоа, на 20 јануари кога Трамп ќе стапи на должност, ќе потпише указ за низа државни регулации, ќе го задолжи Министерството за труд да ги испита злоупотребите со визните програми, ќе укине некои од ограничувањата за производство на енергија и ќе побара од Пентагон да подготви план за борба со кибер нападите