Свет
11. July 2017 - 8:37

Трамп му ја честиташе на ирачкиот премиер победата врз ИД во Мосул

Американскиот претседател Доналд Трамп ја поздрави победата на ирачките сили врз џихадистичката група Исламска држава во градот Мосул.

- Победата во Мосул покажува дека деновите на ИД во Ирак и Сирија се одброени, се наведува во честитката на Трамп до ирачкиот премиер Хајдер ал-Абади.

Абади и официјално ја прогласи победата врз ИД во Мосул, што претставува најголем пораз на таа организација откако прогласи калифат пред три години, иако џихадистите се уште контролираат територија западно и јужно од градот.

Ирачкиот премиер пристигна во Мосул за да им ја честита победата на воените команданти врз последните преостанати џихадисти по речиси девет месеци жестоки борби во вториот по големина ирачки град.