Свет
17. October 2017 - 9:21

Трамп: Куба има одговорност да ги прекине нападите врз американските дипломати

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека Куба има одговорност да ги прекине нападите врз американските дипломати, кои влијаат на здравјето на 22 претставници во Куба.

- Мислам дека Куба е одговорна, сметам дека се работи за многу необичен напад, но мислам дека Куба е одговорна, рече американскиот претседател на прашањето дали Куба може да ги прекине акустичните напади врз Американците, кои се во дипломатска мисија на островот.

Поради необичните акустични напади, најмалку 22 вработени во  американската амбасада во Хавана и  членовите на нивните семејства имаат здравствени проблеми кои ги потврдија лекарите, поради што многумина се вратија во САД на лекување.