Трамп ќе укинува еколошки норми од времето на Обама
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ќе укине дел од еколошките норми, што ги воведе неговиот претходник Барак Обама во рамки на мерките за ограничување на глобалното затоплување, соопштија извори во Вашингтон.
Први на удар на Белата куќа ќе се најдат мерките за ограничување на емисиите на штетни гасови што ги ослободуваат американските термоцентрали што работат на јаглен.
Според истите извори, во текот на следниве денови американската Агенција за заштита на животната средина ќе објави укинување на овие мерки, со образложение дека тие се во спротивност со федералното закнодавство на САД и дека „нема разумни прични за да се смета дека овие ограничувања можат да бидат исполнети“.
Ова практично ќе биде прва мерка на американската Администрација за укинување на еколошките норми од времето на Обама насловени „План за чиста енергија“, по одлуката на Трамп за повлекување на САД од Парискиот договор за климата.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација