Свет
29. March 2017 - 8:58

Трамп ќе присуствува на Самитот на Г20

Претседателот на САД Доналд Трамп ќе присуствува на Самитот на Г20 во Хамбург, Германија на 7 и 8 јули, соопшти Белата куќа, по телефонскиот разговор на Трамп со германската канцеларка Ангела Меркел.

Во соопштението се наведува дека Трамп и ги честитал на Меркел изборните резултати.

„Двајцата лидери ја искористија можноста за да поразговараат за посетата на канцеларката на белата куќа од 17 март. Претседателот соопшти дека се радува на доаѓањето во Хамбург, на Самитот на Г20 на 7 и 8 јули“, се наведува во соопштението од Белата куќа.