Свет
24. January 2017 - 12:26

Трамп има план – никој не знае што смислил

Американскиот претседател Доналд Трамп планира наскоро да почне преговори со лидерите на Канада и Мексико за Северноамериканскиот договор за слободна трговија НАФТА. 

„Ќе почнеме преговори поврзани за НАФТА” – рече Трамп. 
Трамп во текот на својата претседателска кампања се обврза дека ако победи повторно ќе преговара за НАФТА за да се постигнат подобри услови за САД.

НАФТА, договор кој е во сила од 1994 година, заедно со други трговски договори се најде на удар на гневот на гласачите во централниот, индустриски дел на САД, што Трамп го искористи на својот победнички пат кон Белата куќа.

Трговските експерти, академиците и членовите на владата сметаат дека Канада и Мексико исто така ќе бараат концесии и дека НАФТА системот без тарифи тешко ќе се промени. Какво било постигнување на договор ќе трае најмалку неколку години, тврдат тие.

Трамп најави средба со канадскиот премиер Џастин Трудо и претседателот на Мексико Енрике Пене Ниета каде ќе расправаат за оваа тема.

Го пофали мексиканскиот претседател кој во својата држава се соочува со ниска популарност поради корупцијата и растот на инфлацијата. „Претседателот беше навистина одличен” – рече Трамп.

„Мислам дека ќе постигнеме многу добар резултат за Мексико, за САД и за сите кои се вклучени во тоа” – смета Доналд Трамп.

Критичарите на Пене Ниета тврдат дека тој нема јасен план за спротивставување на ставот на Трамп за ограничување на слободната трговија и депортација на илегалните мигранти.

Трамп не кажа многу за промените кои сака да ги види, освен за спречувањето на одливот на американските фабрики и сектори во Мексико.

Од победата на изборите на 8 ноември најавуваше и се закануваше дека ќе воведе тарифи на компаниите кои ќе го преселат своето производство во Мексико.

Трамп исто така и понатаму инсистира на изградба на ѕид на американско-мексиканската граница и тврди дека трошокот за таа изградба ќе го плати Мексико. 

Јутарњи лист – Загреб