Свет
2. March 2017 - 17:36

Трамп им ја затвора „чешмата“ на Албанците од Косово

Претседателот на САД, Доналд Трамп најавил зголемување на буџетот за одбрана, за повеќе од 54 милијарди долари, а за да се надомести разликата најмногу ќе претрпи помошта која државата ја испраќа на другите земји.

Најголема и најопширна програма на светот, за помош во странство, имаат Соединетите Американски Држави и нивниот годишен буџет за таа цел изнесува 50 милијарди долари.

Тимот на Трамп претходно изјави дека „би било многу добро кога САД ќе престане да им помага на странските земји, особено на оние кои им се непријатели.“

Имено, најголема американска помош добива Авганистан кој годишно добива милијарда долари, потоа Јордан со 632,4 милиони и Етиопија која добива 512,6 милиони долари.

Откако администрацијата со вкупно 45 претседатели на САД, изјави дека ќе дојде до отстранување на непотребните трошоци за регионите кои немаат никаква стратешка важност за САД, а Трамп не покажа некаква заинтересираност за Балканот, веројатно малите придонеси ќе престанат да пристигнуваат од Вашингтон.

Секако, Косово како најголем примач на американската помош ќе биде најоштетено, бидејќи годишно од Америка добива 30 милијарди долари.

Што се однесува до останатите региони Србија во 2016 година добила 8,51 милион долари, Босна и Херцеговина 12,4 милиони долари, Хрватска 137,514 долари, додека Црна Гора не доби ни долар.

Намалувањето на трошоците наменети за Балканот се настанати уште за време на мандатот на Барак Обама, што значи дека САД не е нешто заинтересиран за овој регион.

Ваквата постапка на администрацијата на САД допринесуваат до потврдување на гласините кои неодамна ги изнесе германскиот политички аналитичар Зибо Јансен, а тоа е дека Трамп полека го препушта Балканот во рацете на Владимир Путин и Русија.

„ Со оглед на тоа дека Европа не е единствена: да речеме Косово не го признаваат сите членки на ЕУ, а тоа по мое мислење води во правец на тоа дека Русија во иднина таму ќе игра многу важна улога и ќе има големо влијание.“- истакна Јансен, кој предава на институтот за Англоамериканска историја на Универзитетот во Келн.