Трамп и Сандерс победници на прелиминарните избори во Њу Хемпшир
Републиканецот Доналд Трамп и демократот Берни Сандерс победија на вчерашното прелиминарно гласање во американската сојзуна држава Њу Хемпишир за избор на кандидати за претседател на САД на Републиканската и Демократската партија.
Како што јави Би-Би-Си, милионерот Трамп освои над 35 отсто од гласовите меѓу републиканските кандидати, оставајќи го далеку зад себе на второто место гувернерот на Охајо, Џон Кесич за кого гласаа речиси 16 проценти од избирачите.
Сенаторот од Тексас, Тед Круз со 11,5 отсто од гласовите се најде на третото место, пред поранешниот гувернер на Флорида, Џеб Буш со нешто над 11 проценти, сенаторот од Флорида, Марко Рубио со 10,5, гуувернерот на Њу Џерси, Крис Кристи со 7,5, поранешната менаџерка на АТТ, Карли Фиорина со околу четири отсто и неврохирургот Бен Карлсон со нешто над два проценти. Остантите претенденти за номинацијата републикански кандидат за претседател на САД освоија по еден отсто од гласовите.
Во редовите на демократите пак, сенторот од Вермонт, Сандерс освои околу 60 отсто од гласовите, нанесувајќи и тежок пораз на фаворизираната поранешна државна секретарка Хилари Клинтон, за која гласаа нешто над 38 проценти од избирачите. Сите останати демократски кандидати за претседател на САД заедно добија околу 1,5 отсто од гласовите.
Аналитичарите оценуваат дека ваквите резултати се доказ за длабоката поделба во двете најголеми партии во САД и укажуваат на долга и неизвесна борба за претседателските номинации претстојнава пролет/
Прелиминарното гласње во Њу Хемпшир е второ во низата, по минатонеделното во Ајова, каде меѓу републиканците победи Круз, а кај демократите Клинтон.
Следните прелиминрани партиски избори ќе се одржат во Јужна Каролина и Невада.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово