Свет
7. February 2018 - 8:45

Трамп и Меј едногласни: Да се зајакне притисокот врз Северна Кореја

Сите одговорни држави треба да ги зголемат напорите за притисок врз Северна Кореја, се додека таа не почне со нуклеарно разоружување, се согласија синоќа американскиот претседател Доналд Трамп и британската премиерка Тереза Меј.

За време на телефонскиот разговор, двајцата државници нагласуваат дека склучувањето американско-британски договор за размена на информации во сферата на безбедноста би било од корист и за двете држави.

Тие се договориле да лобираат заедно за усвојување соодветни закони по тоа прашање.