Свет
13. August 2017 - 10:20

Трамп и Макрон се договорија заеднички да ја решат кризата со Северна Кореја

Претседателот на САД Доналд Трамп и францускиот претседател Емануел Макрон, остварија телефонски разговор, при што се договорија дека ќе соработуваат за решавање на кризата со Северна Кореја, соопшти Белата куќа. 

Во соопштението на Белата куќа се наведува дека, Трамп и Макрон разговарале за потребата да се соочат со опасната ситуација што произлезе од дестабилизираното однесување на Северна Кореја. 

Трамп во текот на изминатите денови со Пјонгјанг резмени сериозно закани.