Трамп и Џинпинг: Северна Кореја треба да престане со провокативното однесување
Американскиот претседател Доналд Трамп и шефот на кинеската држава Си Џинпинг ја потврдија заедничката желба за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров во телефонскиот разговор, што го водеа, соопшти Белата куќа.
Двајцата лидер се согласни дека неодамна усвоената резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации за Северна Кореја е важен чекор кон постигнување мир и стабилност на полуостровот.
Трамп и Си се едногласи дека Северна Кореја треба да престане со провокативното однесување, се наведува во соопштението на Белата куќа. Во него се додава дека односите меѓу двајцата претседатели се исклучително блиски и се изразува надеж дека тоа ќе доведе до мирно решавање на севернокорејскиот проблем.
- Во моментот сите вмешани страни треба да избегнуваат зборови и дејствија, кои би ги заостриле тензиите на Корејскиот Полуостров, изјави Си.
Тој инстистира на возрдржаност и почитување на стремежот кон дијалог, преговори и мирно решавање на конфликтот.
Ново на Сител
-
Излезноста до 13 часот е 26.35 отсто
-
Утре нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто
-
Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња
-
Во Велес до 11 часот излезноста на изборите е 16,34, во Чашка 15,27, во Градско 20,62 проценти
-
Ангеловски: Пронајдена испукана димна бомба на гласачко место во Скопје
-
Излезноста до 11 часот на избирачките места во Кочанско е околу 13 отсто
-
Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд