Свет
16. August 2017 - 16:13

Трамп го пофали Ким Џонг-ун поради „мудрата одлука“

Претседателот на САД, Доналд Трамп го пофали денеска севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун поради одложувањето на одлуката за истрелување ракети кон американската територија Гуам и намалување на тензиите меѓу двете земји.

- Ким Џонг-ун од Северна Кореја донесе многу мудра и разумна одлука, напиша Трамп на Твитер.

Според него „алтернативата истовремено би била катастрофална и неприфатлива“.

Севернокорејскиот лидер ја одложи одлуката за истрелување ракети во правец на американската територија Гуам, и одлучи да види што прво ќе направат САД, соопштија севернокорејските медиуми.