Свет
30. November 2017 - 20:09

Трамп го критикуваше Ким Џонг-ун по лансирањето ракета

Американскиот претседател Доналд Трамп го нападна севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун по најновото тестирањето на балистичка ракета.

Трамп на „Твитер“ напиша дека „кинескиот пратеник, кој неодамна се врати од Северна Кореја, очигледно немал никакво влијание врз малиот човек ракета".

Тешко е да се замисли дека неговиот народ (на Ким) и војската едноставно ќе продолжат да живеат во такви ужасни услови. Русија и Кина го осудија лансирањето, додаде американскиот претседател.

Северна Кореја Ким ракета

Северна Кореја во вторникот ја истрела својата досега најмоќна ракета.

Трамп се закани дека ќе ја спречи Северна Кореја да се здобие со способност да нанесува удари со проектили со нуклеарни боеви глави на САД, вклучувајќи и воена сила, доколку е потребно.

Американски и кинески генерали вчера разговараа за прашања од областа на безбедноста. Тоа се случило неколку часа по лансирањето на севeрнокорејската ракета. Тие дискутирале како моќните вооружени сили на САД и Кина би комуницирале при евентуалана криза, информираат американски медиуми.

СЕВЕРНА КОРЕЈА ПРОБА 2 .jpg

Разговорите биле водени на ненајавен состанок во Националниот универзитет за одбрана во Вашингтон, на сигнал од Пекинг за поголема подготвеност на двете светски сили за справување со вонредна ситуација на Корејскиот Полуостров од ракетни лансирања.

Пентагон истакна дека разговорите биле планирани далеку пред изненадувачкото лансирање на севернокорејската ракета. Официјалните извори тврдат дека центар на дискусиите не била Северна Кореја, ниту пак било која друга конкретна тема.

Рекс Тилерсон

Државниот секретар на САД Рекс Тилерсон денеска изрази задоволство од активностите на Кина кон Северна Кореја во контекст на тензиите со нејзината програма за нуклеарно оружје, но рече дека Пекинг може да направи повеќе по линија на извозот на нафта, за да се стави под притисок Северна Кореја.

- Кинезите прават доста. Сметаме дека, сепак, можат да направат и повеќе во однос на нафтата. Навистина ги повикуваме да намалат ушт