Свет
14. јуни 2016 - 8:51

Трамп гo бојкотира „Вашингтон пост“

Доналд Трамп, најизвесниот кандидат на Републиканската партија за претседателските избори во САД, изјави декавеќе нема да издава акредитации за новинарите на весникот „Вашингтон пост“.

Трамп соопшти и дека на неговите предизборни митинзи, нема да има место за новинарите на еден од реномираните и најтиражните весници во САД.

„Со оглед на исклучително погрешното известување за кампањата на Трамп, ги укинуваме новинарските акредитации за лажливиот и нечесен Вашингтон пост“, се вели во соопштение на официјалната Фејсбук страница на можниот иден претседател.

„Вашингтон пост“ ангажираше цел тим новинари да напишат книга за Трамп, која би требало да биде издадена до крајот на оваа година.