Loading Video...
Свет
30. April 2017 - 22:04

Трамп ги оцени првите 100 денови како „многу продуктивни“

Американскиот претседател Доналд Трамп ги оцени неговите први 100 денови на функцијата шеф на државата како „многу продуктивни“ и им порача на своите приврзаници во Пенсилванија дека „големите битки“ кои го чекаат ќе бидат извојувани.Во својот говор Трамп ги нападна медиумите и својот претходник Барак Обама, изразувајќи ја поддршката за американската индустрија и војската, својата позиција во надворешната политика и го повтори своето мото „Да ја направиме Америка повторно голема“.Тој истакна дека ја избрал Пенсилванија за одржување на собир, бидејќи сакал да биде подалеку од Вашингтон, каде синоќа се одржувала традиционална годишна вечера на здружението на новинари од Белата куќа.Трамп рече дека потпишал голем број извршни наредби, оценувајќи дека бил „многу продуктивен“ и покрај „хаосот“ кој му го оставила администрацијата на Обама.