Свет
14. July 2017 - 9:16

Трамп би го поканил Путин во Белата куќа, но не сега

Американскиот претседател Доналд Трамп го повика својот руски колега Владимир Путин во Белата куќа, но нагласи дека сега не е вистински момент, соопшти Белата куќа. 

На прашањето во авионот на пат кон Париз дали би го повикал Путин во Белата куќа Трамп рече дека тоа би го сторил во вистинскиот момент. 

- Сметам дека сега не е вистинското време, но одговорот е да, би го повикал, додаде Трамп. 

Трамп вчера допатува во Париз, каде ќе присуствува на одбележување на Денот на Бастилија.