Трамп: Американско-кинеските односи се подобри од кога било, но трговијата може да биде пречка
- Американско-кинеските односи се подобри од кога било, но прашањата за трговијата и трговскиот дефицит меѓу двете држави може да бидат пречка, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.
- Не мислам дека некогаш сме имале подобри односи со Кина, отколку сега. Единствено што може да го спречи тоа е трговијата. Таа е многу еднострана. Луѓето кои биле тука толку многу години, на оваа позиција каде што сум јас сега, не смееле да дозволат да се случи тоа. Тоа е многу неправедно кон САД и кон работната сила на САД, изјави Трамп.
Според американскиот претседател, ситуацијата со трговскиот дефицит меѓу САД и Кина со годините само ќе се влошува, но сегашната Влада има намера „да го поправи тоа“.
- Тоа може да е единственото нешто што може да застане на патот на долготрајните и прекрасни односи, затоа шти ги имаме сите предуслови за пријателство, рече Трамп. ј
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење