Трајковски: Уште еден мандат за уште подобрo образование во Дебрца
Игор Трајковски, кандидат за градоначалник на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДМПНЕ, денеска во селото Оровник одржа прес-конференција на која ги презентираше реализираните проекти во областа на образованието во текот на неговиот се уште актуелен градоначалнички мандат.
Трајковски преку медиумите ги потсети жителите на Дебрца на реализираните проекти како изградбата на монтажно основно училиште во Волино, реконструкцијата на основните училишта во Требеништа, Оровник и во Лешани.
- Со мојот тим и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ денеска со кренати глави стоиме пред вас и бараме уште еднаш да ја покажете вашата доверба кон нас. А таа доверба не ја бараме само напразно туку ја бараме врз основа на се она што го имаме направено за Општина Дебрца, а верувајте ќе направиме уште повеќе, рече Трајковски.
Тој најави дека доколку ја добие довербата за уште еден мандат ќе изврши инфраструктурни зафати за уредување на дворовите, игралиштата, системите за греење, столаријата на училиштата во Оровник, Требеништа, Волино, Мешеишта, Ботун, Белчишта, Лешани, Велмеј, Издеглавје, нивно опремување со училишни кабинети, како и стипендии за најдобрите 20 ученици.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација