Кошарка
29. јуни 2017 - 16:34

Трајчевски: Нашата цел е јасна, да го елиминираме Тре Пене

 Фудбалерите на Работнички вечерва во Сан Марино го играат првиот натпревар против Тре Пене, во рамките на првото коло од квалификациите во Лигата на Европа. Капитенот Душко Трајчевски е уверен во успех на македонскиот тим.
 
- Нашата мисија е јасна, да го елиминираме Тре Пене. Го респектираме противникот, знаеме и дека не очекува тежок дуел, и воопшто нема да се опуштиме затоа што играме против тим од Сан Марино. Нема веќе лесни ривали во Европа, тоа одамна го знаеме. Но, подготвени сме за предизвикот и ќе се обидеме да го наметнеме нашиот стил на игра уште на овој прв натпревар. Веруваме во нашите квалитети и се надеваме на успех, порачува капитенот Душко Трајчевски.
 
Натпреварот меѓу Тре Пене и Работнички почнува во 20:30 часот, на стадионот „Серавале“ во Сан Марино.