Џет-Сет
6. July 2015 - 10:19

Трајче заљубен до уши - Ама во кого?!

Нашиот Трајче Георгиев кој се здоби со високото второ место на „Пинковите ѕвездички", ова го гледа како голем успех! Како и секогаш презадоволен е од тоа што публиката го сака и сега само чека да му се остварат сите музички сништа кои ги сонувал.

Инаку, Трајче за кого Гоца уште од почетокот не ги криеше симпатиите, ќе биде специјален гостин на концертот кој таа ќе го одржи на 19 јули на прилепскиот „Пиво-фест“.

Во најавната шпица за него, останатите учесници открија дека веќе подолго време е вљубен во девојче кое исто така е дел од шоуто. Па, останува да видиме дали ќе открие Трајче за кого му чука срцето.