Македонија
12. November 2015 - 19:50

Трајановски: Прскањето на скопските улици со специјално средство придонесе за намалување на загадувањето

Прскањето на скопските улици е причината за намалување на загадувањето во градот. Првиот човек на Скопје смета дека секојдневното нанесување на калциум магнезиум ацетат придонесува за подобрување на квалитетот на градскиот воздух. Иако и денешните концентрации се над доволените граници сепак се двојно пониски од минатонеделните.

На предупредувањата од експертите дека допрва доаѓа периодот кога концентрациите на ПМ10 честичките значително ќе се зголемат, Трајановски одговара дека градот е подготвен да спроведе низа мерки.

Моменталните концентрации на суспендираните честички во скопскиот воздух се движат во интервал од 50 до 80 што споредено со претходните денови е неколкупати помалку.