Трајановски: Еден од приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ унапредување на статусот на младите во Скопје
Зголемувањето на учеството во процесот на носењето на одлуките во локалната самоуправа и унапредување на статусот на младите е еден приоритетите во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ и во таа насока предвидени се голем број проекти во оваа област, изјави на денешната прес-конференција кандидатот за градоначалник на Град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, Коце Трајановски.
- Младите се движечка сила во секое општество и во новата програма предвидовме голем број проекти на младите во Скопје, во сите области кои директно ги засегаат. Најважен проект е отворањето на градска канцеларија за млади, која ќе има цел да се занимава со локални младински политики, ќе дава сервис и поддршка на младите на Скопје и ќе претставува чадор организација на општинските канцеларии за млади во скопските општини, нагласи тој.
Во насока на подобрување на унапредување на статусот на младите најави изработка на нова стратегија за млади на Град Скопје за периодот 2019-2023 година.
- Дополнително ќе организираме и отворени денови за младите каде еднаш месечно ќе имаат можност да се сретнат со мене и службите на Скопје, да дебатираат за одредени прашања, да ни ги кажат нивните предлози и идеи за подобро Скопје, нагласи кандидатот за градоначалник Трајановски.
Тој се осврна и на проектите кои се од другите области, а се од особено значаен интерес за младите.
- Градот Скопје ќе продолжи да инвестира во спортот и останатите рекреативни активности, како област која е од посебен интерес за младите. Како најважни проекти од областа на спортот за младите, можам да ги издвојам формирањето на средношколски извиднички одреди, одржувањето на голем број на спортски манифестации и турнири, поддржување на средношколските спортски лиги и многу други проекти. Од областа на културата и забавата, во Програмата се предвидени голем број проекти, како што се продолжување на проектот Супер Скопје преку одржување концерти на повеќе локации во летниот период, организирање на фестивал во Градскиот парк - Парк фест, организирање фестивал на урбана уметност и цртање на графити Графити фест и многу други, рече Трајановски.
Ново на Сител
-
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија
-
Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ