Трајанов предлага формирање политичко-експертска влада
Пратеникот и лидер на Демократскиот сојуз Павле Трајанов смета дека актуелната политичка состојба во земјата дополнително се усложнува со синоќешната одлука на ДУИ за повлекување на министрите од Владата и предлага политичките партии да започнат разговори за евентуално формирање политичко-експертска влада.
- Ценам дека актуелните политички состојби во Македонија се исклучително сложени, но и натаму се усложнуваат со одлуката на ДУИ. Не ги знаеме точно кои се намерите на ДУИ, но би било добро доколку интенција би била да се формира една политичко-експертска влада која што ќе спроведе реформи за стабилизирање на состојбите во РМ, за деблокада на институциите во државата се со цел да се создаде позитивен амбиент за одржување на фер и демократски избори, изјави Трајанов денеска во Собранието.
Според Трајанов, проценките се повеќе од сигурно дека голем број обврски дефинирани во Договорот од Пржино не се исполнети така што не е можно одржување на предвремени парламентарни избори на 5 јуни.
- Добро е политичките партии да започнат разговори за политичка-експертска влада која ќе спроведе длабоки реформи во судскиот систем, службите за безбедност и други сегменти, вклучувајќи ги и медиумите, рече Трајанов.
Пратеникот Зулфи Адели од Унитети, поранешен пратеник на ДУИ, смета дека синоќешната одлука на неговата поранешна партија е политички трик кој ќе им овозможи на ВМРО-ДПМНЕ да има предвремени парламентарни избори на 5 јуни.
Ново на Сител
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та
-
Уште еден гигант тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити
-
Петмина тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето со нож во црквата во Сиднеј
-
ИДФ за снимката на заложникот објавена од Хамас: Ова е итен повик за акција
-
Две лица загинаа кога воен авион се запали и се урна во близина на Алјаска | ВИДЕО
-
Кампањата на Бајден продолжува да го користи ТикТок иако тој потпиша нацрт-закон за забрана на апликацијата
-
Повеќе скопски општини без струја