Живот
25. October 2017 - 17:02

Трагичен крај на потрагата: Пронајдено девојчето (3) кое таткото го исфрли од дома среде ноќ

Тригодишната Шерин Метјуз од Тексас мистериозно исчезна на 7. октомври среде ноќ, откако таткото ја исфрлил од куќата, зошто не сакала да пие млеко. Таткото расплаканото девојче го изнел надвор и и наредил за казна да стои покрај дрвото кое е оддалечно околу 30 метри од куќата. Кога 15 минути подоцна излегол по неа, малечката Шерон повеќе не била таму.

Следела потрага за девојчето, а како што објави Си Ен Ен, нејзиното тело е пронајдено во неделата во канал кој се наоѓа на околу километар ипол од нејзината куќа.

Како што соопштија од полицијата, таткото е уапсен веднаш по изчезнувањето на девојчето, но е пуштен со кауција.

Медиумите наведуваат дека кобната ноќ мајката на девојчето спиела, а таткото пријавил изчезнување на детето дури околу 8 часот утрото, иско уште во 3.15 часот знаел дека девојчето исчезнало. По доаѓањето на полицијата, таткото рекол дека слушнал дека во крајот се појавиле којоти.

Сепак, откако полицијата го пронашла телото, таткото сам отишол во полицијата и рекол дека Шерон се загушила додека го пиела млекото и дека тој го фрлил нејзиното тело.

Обдукцијата ќе ја покаже причината за смртта на девојчето.