Македонија
29. July 2015 - 12:08

Tрагедијата во Прилеп - Две дечиња останаа без татко

 
Едно лице синоќа го загуби животот во бизарна несреќа во погон за преработка на мермер во прилепско, а друго е тешко повредено. Како што велат од инспекторатот за заштита при работа во Прилеп синоќа е извршен првичен увид, по што во наредните денови ќе се врши комплетна истрага какви мерки и дали биле преземени за заштита при работа, пишува Нова Македонија. 
 
За жал, од тешките повреди на лице место загинал Зоран Дамески, а 54-годишниот Ж.С. се здобил со тешки повреди при што итно бил пренесен во болница. Загинатиот зад себе остави две малолетни дечиња.