ТРАГЕДИЈА: Загинаа 30 навивачи на Манчестер Јунајтед!
Голема трагедија се случи во Нигерија, а поврзана е со Манчестер Јунајтед, чии 30 навивачи смртно страдаа додека го гледале натпреварот помеѓу Јунајтед и Андерлехт (2:1) во четвртфиналето, во Лига Европа.
Несреќните луѓе настрадале во градот Калабар, додека заедно го гледале натпреварот и навивале за својот тим против белгискиот тим.
Навивачите се наоѓале под далновод, кој поради временски неприлики попуштил, што предизвикало пукање на каблите. На самото место смртно страдале седуммина, а медиумите во Нигерија пренесуваат дека бројката на загинати од струен удар е триесет.
Клубот од „Олд Трафорд“ по повод трагедијата се огласи на Твитер.
„Нашите мисли се со навивачите, нивните пријатели и семејства, кои се погодени од трагедијата во Калабар“.
Инаку, Манчестер Јунајтед го мина Андерлехт со голот на Рашфорд во 107.минута, а во полуфиналето ќе игра против Селта Виго./
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе со пертусис хоспитализирано во прилепската болница
-
Во Велес исчезна 56-годишен маж
-
Мачка се држи за рачка на врата од автомобил во поплавите во Дубаи | ВИДЕО
-
За викендот дожд и грмежи, а на планините снег
-
Над 3000 вработени во културата оставени без плата
-
Србија: Приведени четворица припадници на косовската полиција
-
СПМ: Пендаровски секогаш бара вина кај другите
-
Османи: Петмина косовски полицајци се држат во заложништво во Србија