Балкан
13. April 2017 - 20:43

Трагедија: Загина 10-годишно дете, татко му го држел во скут додека возел

Дете на возраст од 10 години загина денеска откако се преврте тракторот кој го возел неговиот татко.

Десетгодишно дете, ученик во четврто одделение загина денеска при превртување на трактор во селото Пријездиќ кај Ваљево.

До несреќата дошло нешто пред 13 часот, кога на локалниот пат во тоа село се превртел тракоторот кој го возел засега, неименуван маж во чиј скут бил неговиот 10-годишен син.

Тракторот се превртел од засега непознати причини.