Балкан
17. August 2016 - 19:08

Трагедија: Во сообраќајна несреќа загинаа две лица, уште две се повредени

Две лица загинаа во сообраќајна несреќа која се случила денес околу 16:00 часот на магистралниот пат Бугојно-Нови Травник.
 
Се работи за лицата со иницијали Ф.А (22) и Ф.М (48) од Горни-Вакуф-Ускопле. 
Во несреќата учествувале автомобил „голф 2“ и камион, потврдиле од полицијата.
 
Иста така има и две повредени лица кои се пренесени до Здравствен центар, каде им се укажува лекарска помош.
Увид на лице место извршила криминалната полиција од Бугојно.