Македонија
6. October 2017 - 10:20

Трагедија во Охрид: Пронајдена мртва жена во хотел

Жена била пронајдена мртва во хотел во Охрид. Се работи за седумдесет и две годишната В.С.Б.Т.М. од Амстердам, Холандија.

Од полицијата информираат дека случајот кај нив е пријавен вчера околу 10 часот. Жената била пронајдена почината во хотелската соба во која престојувала.

Смртта без траги на насилство е констатирана од лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција која треба да ги утврди причините за смртта.