Македонија
25. October 2016 - 21:58

Трагедија во Охрид: Охриѓанка загина враќајќи се од гости

Во тешка сообраќајна несреќа жителка на Охрид вечерва го загубила животот кај селото Горенци, Општина Дебрца – јавува Охрид1 повикувајќи се на „свои полициски извори“.

Според непотврдени информации таа била во посета на роднини, а настрадала од како на неа налетало возило, при што животот го загубила на лице место.