Македонија
22. March 2017 - 14:03

Трагедија во Македонија: Мртов маж најден во барака

 
Трагедија во Македонија, синоќа во 23 часот во селото Добреноец, кичевско, во близина на местото „Рибарница“ во барака пронајден е починат 57-годишниот Л.Г. од Кичево. Несреќниот маж бил вработен во Агенција за обезбедување.
 
Смртта е констатирана од страна на доктор од Итна медицинска помош. Увид на местото на настанот извршил Јавен обвинител и увидна екипа на полицијата.
 
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е прадено за обдукција.